Хрватите поради неисплатени плати го преселија тимот на нашиот Жута во – Четврта лига!

Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) денеска ги објави резултатите од процесот на лиценцирање за натпреварувањата под капа на УЕФА и за трите највисоки рангови на хрватскиот фудбал, а најголемо изненадување е преселната на Шибеник, за кој игра нашиот Леонард Жута, во - Четвртата лига.

Шибеник не доби лиценца за ниту еден од првите три ранга, бидејќи не ги подмири долговите и не постигна договор со доверителите. Жалбата му беше одбиена поради неисплатени плати кон играчите и вработените — според неофицијални информации, некои добиле само една или две плати во текот на целата сезона. Лиценца во последен момент за настап во елитата доби и тимот на Вуковар, кој дојде до пласман во највисокиот ранг со победа над Опатја (1-0) во директен дуел за влез. Сепак, поради несоодветни услови на својот стадион во населбата Борово, домашните натпревари ќе ги игра во Винковци.

ХНС објави дека лиценца за европските натпреварувања добиле девет клубови: Динамо, Горица, Хајдук, Истра 1961, Локомотива, Осиек, Ријека, Славен Белупо и Вараждин. Покрај нив, лиценца за настап во ХНЛ добиле и Опатија, Рудеш и Вуковар.