Ц. Звезда понижена во Подгорица: Будуќност запиша прв триумф во полуфиналето на АБА

Будуќност триумфираше против Црвена Звезда со убедливи 104-70 во првиот полуфинален меч од АБА-лигата во натпреварот во Подгорица кој го одбележа хаос на почетокот на третата четвртина.

Домашниот состав по првата четвртина водеше со 27-18, а на полувремето замина со +16 (56-40), по што кошаркарите на српскиот тим го напуштија паркетот на почетокот на вториот дел кога навивачите почнаа да фрлаат предмети кон нив.

По прекинот на натпреварот, кошаркарите на Ц. Звезда се вратија на паркетот, меѓутоа не можеа да му парираат на Будуќност кој го диктираше темпото и триумфира со 104-70.

Најефикасен во победничкиот состав беше Сулајмон со 24 поени, додека Дос Сантос и Петрушев запишаа по 11 поени за Ц. Звезда.

Вториот натпревар од полуфиналето се игра на 29 мај во Белград, а победникот од серијата ќе игра финале против Партизан или Дубаи.

Фото: Facebook/KK Budućnost VOLI