
Хајденхајм го „нокаутира“ Елверсберг и остана во Бундеслигата
Хонсак беше стрелец на првиот гол за Хајденхајм, додека Фелхауер успеа да израмни на 1-1. Елверсбер постигна и втор погодок во 47. минута, но истиот беше поништен поради офсајд.
Хајденхајм конечно стигна до победата во петтата минута од судиското надополнување кога стрелаше Сиенца за конечни 2-1.
Првиот натпревар меѓу Елверсберг и Хајденхајм заврши 2-2, па така победникот од реваншот со вкупни 4-3 останува во елитата.
Фото: Facebook/1. FC Heidenheim 1846 e. V.