Уапсен возачот кој газеше навивачи: Ливерпул се јави со соопштение (ВИДЕО)

За време на прославата на шампионската титула во Ливерпул, 53-годишен маж со неговиот автомобил влета меѓу навивачите и почна да ги гази по улица.

Полицијата во Ливерпул веднаш интервенирала и го уапсила возачот, а во моментов се води истрага за хаоост кој се случи за време на прославата.

Англискиот шампион Ливерпул објави соопштение на социјалните мрежи и изрази сочувство до сите инволвирани во инцидентот.

„Во постојана комуникација сме со полицијата по инцидентот кој се случи пред крај на парадата. Нашите мисли се со погодените во инцидентот. Ќе продолжиме да даваме поддршка на службите и локалните власти кои работат на случајот“, соопшти премиерлигашот.