Жестока тепачка меѓу „Делии“ и „Гробари“ во Белград (ВИДЕО)

Српските медиуми пишуваат дека навивачките групи на Црвена Звезда и Партизан имале жестока тепачка пред мечот на „црно-белите“ против Дубаи (102-72) во полуфиналето на АБА-лигата.

„Телеграф“ пишува дека имало жестока тепачка меѓу навивачите кои се сретнале пред еден локал, по што за кратко време интервенирала полицијата.

На социјалните мрежи се појави и снимка на која може да се забележи како бегаат навивачи низ улиците во Белград.