Ужас во Ливерпул: Автомобил газеше навивачи на прославата на титулата (ВИДЕО)

Страшни сцени беа забележани во Ливерпул, каде што возач со неговиот автомобил влета меѓу навивачите на освојувачот на Премиер лигата и почна да ги гази сите кои се најдоа пред него.

На снимката може да се забележи како автомобилот влегува меѓу навивачите кои ја слават шампионската титула, при што удира две лица, а потоа додава гас и ги гази останатите.

Засега не е познато колку лица се повредени, а полицијата соопшти дека возачот е приведен.