
„Калчомеркато“: Конте го напушта Наполи и се сели во голем ривал
„Калчомеркато“ пишува дека Конте ќе го напушти тимот од Неапол, а како негова следна дестинација се споменува поранешниот италијански шампион Јувентус.
Јувентус нема најдобра сезона во Серија А, па поради тоа раководството на „Старата дама“ бара квалитетно решение за тренерското столче.
Конте веќе го тренираше Јувентус од 2011 до 2014 година и освои три шампионски титулки во Серија А.
Фото: Facebook/SSC Napoli