Антони: Во Бетис сум среќен и кога легнувам и кога се будам!

Фудбалерите кои заминаа од Манчестер Јунајтед на позајмица блескаат во другите клубови, еден од нив е и Антони кој има фантастични изданија за Бетис.

Антони вчера постигна уште еден убав гол, овојпат ја тресеше мрежата на Валенсија. Бразилецот ќе се бори и за трофеј во финалето од Конференциската лига против Челси.

Тој вели дека е среќен во Севиља за разлика од Манчестер, но не знае што ќе биде следно во неговата кариера, каде ќе продолжи.

„Тука во Бетис сум среќен кога одам на спиење и кога ќе се разбудам, среќен сум цел ден“, вели Антони.

„Не знам што ќе се случи со мојата иднина но тука сум пресреќен. Овие фанови се неверојатни“.