
Македонија, Катар и Романија ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Марко Божиновски 9“
На ракометниот турнир ќе учествуваат репрезентации до 17 години. Учество треба да земат шест селекции, а засега се потврдени три од нив.
Покрај Македонија која ќе биде предводена од Горан Кузманоски и ќе се подготвува за Европскиот олимписки фестивал, на меморијалниот турнир „Марко Божиновски 9“ учеството го потврдија и Катар и Романија.
Распоредот на одигрување на мечевите ќе биде направен кога учеството ќе го потврдат и преостанатите три селекции.
Натпреварите ќе се играат на Спортскиот Центар кој го носи токму името на Марче. Фондацијата „Марко Божиновски“ Преку овој турнир, но и бројки други дела има за цел - ликот на ракометарот да живее вечно бидејќи овој спорт беше неговиот живот и љубов.