Баражи: Шкендија Арачиново во обид да му го земе местото на Осогово во Втората лига!

Денеска на програмата се бараж дуелите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), најинтересно ќе биде во Кавадарци каде ќе се сретнат Осогово и Шкендија Арачиново.

Осогово ќе се обиде да го задржи местото во Втората лига, а амбициозниот тим на Шкендија Арачиново да влезе во овој ранг на натпреварување.

Натпреварот се игра во Кавадарци, најавено е присуство на навивачки групи и на двата тима, па се очекува убава атмосфера на трибините, а голема борба на теренот.

Останатите два бараж дуели за влез во ВМФЛ се меѓу третолигашки екипи.

На стадионот во Ѓорче Петров се среќаваат Тетекс и Големо Коњари, а на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ ќе играат Преспа и Слога Виница.

Сите три натпревари почнуваат од 17 часот.

Бараж мечеви за пополнување на ВМФЛ:

Кавадарци: Осогово - Шкендија Арачиново
Скопје: Тетекс - Големо Коњари
Скопје: Преспа - Слога Виница