Радост во Барселона: Рафиња потпиша нов договор! (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Рафиња ќе остане во Барселона најмалку до 2028 година, откако денеска стави потпис на нова соработка со каталонскиот гигант.

Рафиња имаше понуди од Саудиска Арабија, но и други европски клубови, меѓутоа реши да остане посветен на Барселона со која имаше многу добра сезона и освои три пехари.

Бразилецот пристигна во Барселона во 2022 година од Лидс, а оваа сезона настапи на 56 натпревари, прит што постиган 34 голови и 25 асистенции во сите натпреварувања.

Фото: X/FC Barcelona