Тројца кандидати за нов тренер на Милан - Консеисао заминува!

Серџо Консеисао одлично ја почна авантурата во Милан, но лошо ја заврши, па ќе замине од Сан Сиро по неполна година, а веќе се посочуваат кандидатите за нов тренер на росонерите.

Албанецот Игли Таре ќе биде нов спортски директор на Милан, а тоа автоматски го отфрла Маурицио Сари од трката за нов тренер. Така е поради лошите односи во кои се двајцата од времето на Лацио.

Винченцо Италијано е прв кандидат за нов тренер на Милан, но се посочуваат уште двајца.

Се работи за Тијаго Мота и Масимо Алегри.

Мота е поранешен фудбалер на Интер и поранешен тренер на Јувентус, па би било интересно ако го преземе Милан.

А за Масимо Алегри тоа би било враќање на клупата на росонерите.