УЕФА се посрамоти: Немаше медал за Сон и уште двајца играчи на Тотнем! (ВИДЕО)

Голем резил за УЕФА, претседателот Александер Чеферин збесна кога виде дека нема доволно златни медали за да им подели на сите фудбалери на Тотнем.

При доделувањето на медали, последни од Тотнем останаа Бентакур, Ромеро и Сон, и тие и Чеферин беа зачудени кога видоа дека нема медали за нив.

Вработените од УЕФА кои беа задолжени за протоколот веројатно ја утнале математиката. 

Тројцата фудбалери дополнително ќе ги добијат медалите, но вчера не можеа да прослават со златните одличја.