Вечер за паметење на Талевски, Вардар чекори кон трофејот! (ВИДЕО)

Екипата на Вардар чекори кон првиот трофеј во Купот по 18 години, а вистински херој на најтрофејниот македонски клуб е Михаил Талевски.

По голот со кој донесе водство во првото полувреме, Талевски на самиот старт од второто полувреме по еден одличен слалом покрај неколку фудбалери на Струга успеа да погоди и по вторпат за водство од 2-0.