
Вардар води во финалето - Талевски погоди со колено! (ВИДЕО)
Талевски со малку доза на среќа успеа едно нафрлување со удар со голено да го претвори во гол со кој донесе предност. Ќе потсетиме, Вардар во финалето игра за прв трофеј во купот по пауза од 18 години.
Голот на Талевски дојде од првата посериозна прилика пред голот на Струга.