Време е за финале: Тотнем и Манчестер јунајтед ќе ја спасуваат сезоната во Билбао!

Денеска се игра финалето од Лига Европа меѓу англиските ривали, Тотнем и Манчестер јунајтед, мечот е закажат за 21 часот на стадионот во Сан Мамес во Билбао.

Тотнем и Манчестер Јунајтед имаат очајна сезона во Премиер лигата, двата клуба се ужасни, на табелата се наоѓаат веднаш зад трите тима кои испаднаа.

Но, еден од нив вечерва ќе крене трофеј и ќе се пласира во Лигата на шампионите, па ќе го стави во заборав пласманот во Премиер лигата, но поразениот ќе мора да се помири дека ја имал една од најлошите сезони.

Анже Постекоглу се пофали дека секогаш освојува трофеј во неговата втора сезона во некој тим, па Лига Европа е шанса да го потврди тоа.

Но, има и статистики кои одат во прилог на Манчестер Јунајтед, Касемиро досега одиграл седум финалиња и никогаш не загубил.

Тотнем има поголеми проблеми со повредени фудбалери од Манчестер Јунајтед. Во белиот дрес надвор од стројот се играчи како Кулушевски, Драгушин, Медисон, Вернер... Кај Јунајтед се повредени Де Лихт и Лисандро Мартинез.

Оваа сезона овие два тима одиграа три меѓусебни дуели, сите ги победи Тотнем.

Последниот Европски трофеј на Манчестер Јунајтед е токму во Лига Европа кога со Жозе Мурињо триумфираа во сезоната 2016/17.

И Тотнем го има освоено ова натпреварување, тогашен Куп на УЕФА, но тоа беше пред повеќе од четири децении.

Кој ќе ја спаси сезоната, а кој ќе падне во уште поголема депресија останува да видиме вечерва на полниот Сан Мамес во Билбао.