
„Бомба“ од Шпанија: Нико Вилијамс се сели во Реал Мадрид!?
Новинарот Фабрицио Романо објави дека „кралскиот клуб“ планира да ја плати откупната клаузула на Вилијамс, која изнесува 58 милиони евра и да го ангажира фудбалерот на Атлетик Билбао.
„Кралевите“ веќе ги договорија Дин Хујсен од Борнмут и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, а очигледно не планираат да застанат наскоро бидејќи претседателот Флорентино Перез прави состав кој следната сезона повторно ќе освојува титули.
Фото: Facebook/Athletic Club