
Аморим: Титула во Лига Европа нема да ни ги реши проблемите!
Аморим на денешната прес-конференција кажа дека евентуална победа против Тотнем нема да им ги реши проблемите, туку ќе им донесе подобра иднина.
„Сите сакаат да играат финале и да освојат титула. За да ги задржиме фудбалерите мора да играме во Лига на шампиони. Манчестер јунајтед е голем бренд и треба да игра во елитата. Победа во финалето нема да ги реши нашите проблеми, ниту да ја спаси сезоната, но ќе донесе подобра иднина“, кажа Аморим.
Финалето во Лига Европа се игра утре, 21 мај, од 21 часот на стадионот „Сан Мамес“.
Фото: Facebook/Manchester United