Пеколна увертира на финалето – жестока тепачка меѓу навивачите на Јунајтед и Тотнем (ВИДЕО)

Жестока тепачка меѓу навивачи на Манчестер Јунајтед и Тотенхем го одбележа вчерашниот ден во Сан Себастијан, само часови пред големото финале на Лигата на Европа кое вечерва ќе се игра во Билбао.

Инцидентот се случил околу 21.30 часот, кога две спротивставени навивачки групи се судриле на улиците на баскискиот град, на нешто повеќе од еден час возење од стадионот „Сан Мамес“. Според очевидци, прво дошло до вербална расправија, која набргу ескалирала во физичка пресметка. Во хаосот летале шишиња, столици и маси, а улицата се претворила во бојно поле.

Локалната полиција интервенирала веднаш по добиената пријава, спречувајќи натамошна ескалација и воспоставувајќи ред на местото на инцидентот. Присутна била и брза помош, која на лице место им пружила медицинска помош на неколку полесно повредени лица. Иако тепачката создаде голема вознемиреност меѓу локалното население и фудбалските фанови, властите потврдија дека не се забележани посериозни повреди и никој не е хоспитализиран.

Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем, кој започнува вечерва во 21 часот, ќе се одигра под засилени безбедносни мерки.

ФОТО: EPA PHOTO