Ристовски си оди од Динамо, има шанса да се врати и во Македонија?

Хрватските медиуми пишуваат дека Динамо Загреб на лето го очекуваат сериозни промени во играчкиот ростер, а еден од оние кои ќе си одат е и нашиот Стефан Ристовски.

33-годишниот македонски фудбалер ја одбил последната понуда од Динамо Загреб за продолжување на соработката. Според „Германијак“, тој добил понуда со помали примања од сегашните и за пократок период.

Наводно агентот на Ристовски, Матеј Шкерго му бара ангажман на Ристовски на Блискиот Исток, особено во Емиратите, но ако тој план не успее, Македонецот би можел да се врати дома, во Македонија.

Ристовски веќе се збогувал со Динамо Загреб и веднаш по последното коло од сезоната ќе го напушти хрватскиот клуб.

Поранешниот капитен на Македонија веќе четирипати стана шампион на Хрватска со Динамо Загреб, посакува разделба и со петтиот шампионски трофеј.

Гласините од Хрватска велат дека ова е последна сезона и за Адеми во Динамо Загреб, но и за уште неколку искусни играчи од овој клуб.