Хокеарски судија удрен со палка по глава – имаше крв на сите страни (ВИДЕО)

Судијата Крис Руни беше повреден за време на седмиот натпревар од втората рунда на НХЛ плејофот меѓу Флорида пантерс и Торонто мејпл ифс, кој заврши со убедлива победа на домашниот тим со 6-1, а со тоа и со пласман во финалето на Источната конференција.

Инцидентот се случи на самиот почеток од втората третина, кога во жестока борба за пакот, дефанзивецот на Флорида, Нико Микола, ненамерно го удри Руни со палка во пределот над окото. Судијата веднаш го напушти мразот со пешкир на лицето, а подоцна му беа утврдени расекотини кои бараа шиење. Тој не беше во можност да го продолжи натпреварот и беше заменет од резервен судија.

И покрај несреќата, Флорида доминираше на теренот и со победата избори дуел со Каролина хурикејнс во завршницата на Истокот. Руни, кој има искуство од над 1.500 натпревари во НХЛ, вклучувајќи и повеќе од 170 плејоф средби, изјави дека закрепнува добро и се надева дека наскоро ќе се врати на мразот. Овој инцидент повторно го отвори прашањето за безбедноста на судиите на мразот, особено во натпреварите со зголемена интензивност и предизвика дискусии за можни дополнителни мерки за заштита и безбедносни протоколи.