
Нѐ чека лудница во последното коло: Астон вила и Челси освоија нови бодови за ЛШ! (ВИДЕО)
Астон вила на свој терен беше подобра од Тотнем со 2-0 во натпревар во кој двата гола беа постигнати во вториот дел. Резултатот го отвори Конса по асистенција од Воткинс по еден час игра, додека конечниот резултат го постави Камара во 73. минута.
Натпреварот помеѓу Челси и Манчестер јунајтед го одлучи само еден гол и тој го постигна дефанзивецот Кукуреља на 20-тина минути пред крајот, но мора да се истакне и одличниот потег на Рис Џејмс кој си создаде простор и го пронајде Шпанецот во шеснаесетникот.
Беше Челси подобар противник, меѓутоа и „ѓаволите“ имаа свои шанси, а во првото полувреме видовме и еден поништен гол поради милиметарски офсајд на Хари Мегваер.
Победите на Астон вила и Челси значат дека ќе неизвесна битка за место во Лигата на шампионите и во последното коло. Во овој момент Њукасл, Челси и Астон Вила имаат по 66 бода, Манчестер сити е со 65, а Нотингем има 62. Избраниците на Пеп Гвардиола и Нуно Еспирито Санто допрва треба да го одиграат својот натпревар од ова 37. коло.
Фото: EPA PHOTO