Ѓоковиќ има идеален распоред конечно да ја освои 100. титула во кариерата

Точно 18 месеци, Новак Ѓоковиќ нема АТП трофеј во својата колекција и заглави на оние 99 од ноември 2023

Поради неподготвеност го откажа својот настап на Мастерсот во Рим, но јубилејниот 100. пехар во кариерата, како и лани, ќе го брка во Женева. Турнирот во овој швајцарски град почнува в понеделник, конкуренцијата не е многу силна, а Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Тејлор Фриц.

Во првото коло Србинот е слободен, во второто ќе се сретне со Фучович или Бергс, а потоа би можел да игра со Марожан, Арналди, Гастон и Махач од кого загуби лани во полуфиналето. Најтешката задача, сепак, би ја имал во евентуалното финале со Фриц кој долго време игра во добра форма.

Настапот во Женева ќе биде генерална проба за Ѓоковиќ за „Ролан Гарос“ кој беше негова главна цел оваа сезона.