Обрадовиќ пак им згрме на своите играчи: У пи*ку материну и кошарка и сѐ (ВИДЕО)

Иако Партизан обезбеди пласман во полуфиналето од АБА лигата, потешко од очекувањата излезе на крај со амбициозниот тим на Спартак.

Синоќешниот меч во Суботица беше решен во финишот, односно во последните пет минути во кои Вања Маринковиќ погоди неколку тешки шутеви. Осцилациите во играта прилично го изнервираа Жељко Обрадовиќ кој на еден тајмаут во свој стил ги пцуеше своите играчи и ги изрази своите фрустрации.

„У пи*ку материну и кошарка и се, играј паметно, алоо“, викаше Обрадовиќ на играчите кои мислеа дека лесно ќе излезат на крај со Спартак.

На крајот, сепак, целта е остварена, а Партизан во полуфиналето ќе игра со подобриот од серијата меѓу Дубаи и Олимпија каде резултатот е 1-1.