
Поразот не ја вознемири: Најдобрата тенисерка уживаше во Рим со својот дечко милионер (ФОТО)
Сабаленка минатата година играше во финалето во Рим, па со елиминацијата во четвртфиналето изгуби 435 бодови на ВТА листата. Сепак, тоа нема да ја загрози нејзината водечка позиција на ранг-листата, каде што има неколку илјади бодови предност пред првите конкурентки.
И покрај разочарувањето, Сабаленка не изгледа премногу вознемирена. Таа одлучи да го искористи слободното време за опуштање и уживање во друштво на своето момче, милионерот Јоргос Франгулис.
Франгулис, по професија е адвокат, потекнува од Бразил и е сопственик на прехранбена компанија која се занимава со производство на органски пијалоци, а исто така се занимава и со автомобилизиам.