Ѕвезди на Барселона со велосипеди заминаа во болница да слават со Торес (ВИДЕО)

Фудбалерите на новиот шпански шампион Барселона, Дани Олмо, Ерик Гарсија, Педри и Ињиго Мартинез по мечот со Еспањол решија да изнајмат велосипеди и да возат до болница за да прослават со Феран Торес.

Торес не можеше да им помогне на соиграчите на теренот затоа што мораше да прави итна операција на слепото црево, а неговите колеги не го заборавија и решија да го посетат во болница.

Барселона ја обезбеди титулата на две кола пред крајот бидејќи има 85 бодови, односно седум поени повеќе од Реал Мадрид. 

Standings provided by Sofascore