„Кралевите“ не запираат: Преговараат и за тинејџерот кој блесна со спектакуларен гол

Реал Мадрид како што стојат работите во наредната сезона ќе влезе со многу промени во играчкиот кадар со цел да се направи тим по мерка на Чаби Алонсо кој ќе го наследи Карло Анчелоти.

Третн Александер-Арнолд од Ливерпул е веќе договорен, блиску е и Дин Хујсен од Бормут, а сега се најавува дека „кралевите“ започнале преговори и за 17-годишниот офанзивец на Ривер Плата, Франко Мастануоно. Мастануоно подолго време е на радарот на европските гиганти, но посебно блесна со спектакуларниот гол од слободен удар неодамна во дербито со Бока.

Неговите агенти, Валтер Тамер и Аугусто Фернандез,  наводно минатата недела престојувале во Мадрид каде што имале средба со претставници на Реал. Мастантуоно исто така преку камера го слушал разговорот и присуствувал на состанокот. Главна тема биле преговорите за сумата која би требало „кралевите“ да ја платат. Ривер Плата ја бара целосната откупна клаузула од 45 милиони евра, но Реал планира да понуди околу 30 милиони.

Се уште нема конкретен договор помеѓу клубовите, но преговорите продолжуваат. Франко Мастантуоно досега има настапи за младите селекции на Аргентина до 17 и до 20 години, а оваа сезона за првиот тим на Ривер одигра 16 натпревари, постигна пет гола и запиша четири асистенции. Игра како офанзивен играч за врска и десно крило.

Фото: River Plate/X