Навивачите на Реал го нападнаа дебитантот, мораше да ги блокира коментарите

Младиот напаѓач на Реал, Виктор Муњоз можеше вчера да биде херој на мадридскиот тим ако во 89. минута го реализираше зицерот во кој неочекувано се најде.

Излезе сам пред Шчесни, но до израз дојде неговото искуство и тој ја промаши чистата ситуација со што пропушти да му донесе бода на Реал и да го остави во живот во борбата за шампионската титула. За своето промашување, Муњоз беше жестоко критикуван и навредуван на социјалните мрежи, па мораше да ги блокира коментарите.

Иронијата е во тоа што Муњоз е роден во Барселона пред безмалку 22 години и своите почетоци во фудбалот ги направил во школата на Барса на 11-годишна возраст. Три години бил во Ла Масија, во генерацијата на Балде, Фермин Лопез и Чави Симонс, играчот кој сега настапува во Лајпциг, а кој своевремено беше сметан за најголем талент во оваа група.

Муњоз оригинално е член на Б-тимот на Реал, но поради големиот број повредени играчи, вчера се најде во комбинација за настап. Дуелот против Барселона беше негово деби во Ла Лига и во првиот тим на Реал воопшто, можеше да биде херој, но излезе трагичар.