
Алонсо уште не дојден во Реал Мадрид веќе побарал две големи засилувања!
Двете страни деновиве ги финализираат преговорите не само околу договорот, туку и за идните потези поврзани со изградба на нов тим под водство на Алонсо. Весникот „АС“ открива дека веќе се разгледуваат имиња на потенцијални засилувања.
„Нема да се случи голема револуција, но ќе има значајни промени“, пишува „АС“, нагласувајќи дека Реал ќе почне да се прилагодува на визијата на новиот стратег.
Во фокусот на „новата ера“ се двајца фудбалери – Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Џонатан Тах од Баер Леверкузен. Спортскиот весник посочува дека токму овие трансфери би можеле да бидат темелите на новиот проект на Алонсо. Иако Реал одамна го следи Зубименди, ангажманот на овој 26-годишен играч од средниот ред нема да биде едноставен, особено поради интересот од Арсенал и личната врска меѓу Зубименди и Микел Артета. Алонсо, пак, го познава уште од периодот кога го водеше младинскиот состав на Реал Сосиедад.
Кога станува збор за Тах, неговиот договор со Леверкузен истекува, што значи дека би можел да пристигне како слободен играч. Односите што ги има со Алонсо се сметаат за клучен адут на Мадрид во трката за неговиот потпис.