Тренерот на Миовски хоспитализиран пред важниот дуел за опстанок

Шефот на стручниот штаб на Жирона, Мичел Санчез имал големи здравствени проблеми поради кои морал да биде хоспитализиран.

Веста ја објави тој на социјалните мрежи, но не опиша за што точно се работи. Мичел нема да биде на клипата на саботниот дуел против Виљареал кој е од исклучително значење за Жирона во борбата за опстанок.

„Морав да бидам хоспитализиран и ќе се наоѓам под медицински надзор неколку дена. Ги бројам деновите до враќање на работа за да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната“, објави Мичел.

На четири кола пред крајот на сезоната, Жирона се наоѓа на 15. место на табелата со 38 бода, шест повеќе од Лас Палмас кој е прв во опасната зона.