Литванскиот селектор: Одлучни сме во Скопје да освоиме барем бод!

Репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со Литванија во последниот квалификациски натпревар за Европскот првенство и во овој дуел потребна ќе ни биде победа за пласман на турнирот.

Литванија во првиот натпревар на свој терен славеше победа, меѓутоа селекторот Гинтарас Савукинас е свесен дека во овој втор натпревар ќе биде поразлично.

Секако, ќе биде потешко во Македонија, тоа го разбираме многу добро, но репрезентативците се решени да земат барем бод. Ако очекувањето за победа против Словенија беше реално, победа во Македонија е исто така реална. Секако, играњето пред сопствените навивачи е едно, а играњето пред навивачите на противникот е друго, изјави Савукинас.

Сличен беше ставот и на најдобриот ракометар на Литванија, Миндаугас Думичиус кој настапува за германскиот второлигаш.

 Еднаш ги победивме Македонците. Секако, играњето таму пред нивните навивачи, со таква поддршка, е многу тешко. Ништо не е изгубено. Сè е во наши раце. Треба да се концентрираме, да го започнеме натпреварот подобро од оној со Словенија, истакна Думичиус 

Терминот за натпреварот е в недела  од 18:00 часот.

Фото: EPA PHOTO