Телевизијата на Реал „распали“: Навивач на Барселона ќе го суди „Ел Класико“

Барселона и Реал Мадрид на 11 мај ќе одиграат уште едно „Ел Класико“, а телевизијата на гигантот од главниот град на Шпанија почна да врши притисок пред дербито.

Шпанскиот фудбалски сојуз реши Алехандро Ернандез да ја дели правдата на вечното дерби меѓу ривалите, но тоа не им се допадна на „кралевите“.

Телевизијата на Реал објаснува дека со Ернандез тие имаат најмал процент на победи, додека Барселона има поголем успех кога овој судија е на теренот.