
Енрике: ПСЖ е подобар тим без Мбапе!
Тренерот Луис Енрике доби големи пофалби поради одличните резултати на парижаните, иако тие останаа без Килијан Мбапе кој замина во Реал Мадрид.
„Бев многу храбар минатата сезона кога кажав дека без Мбапе ќе имаме подобар состав. Уште го мислам тоа, а го потврдува и статистиката. Штета е тоа што си замина Килијан, но играчите го разбраа како предизвик и одговорија на вистински начин“, кажа Енрике.