Влаховиќ ги пакува куферите: Три екипи ќе се борат за неговиот потпис

Италијанскиот гигант Јувентус повторно е подготвен да го пушти Душан Влаховиќ да замине, но само ако пристигне примамлива понуда.

„Газета дело Спорт“ пишува дека три екипи се заинтересирани за српскиот голгетер, а тоа се Галатасарај, Фенербахче и Њукасл.

Клубот од Торино наводно е подготвен да прифати понуда од 60 милиони евра, иако пред три години го плати 83,5 милиони евра.

Влаховиќ оваа сезона настапи на 38 меча и постигна 14 голови и пет асистенции.