Роналдињо знае за кого ќе навива: Ова е вечер за историја!

Иако најдобрите денови од кариерата ги помина во Барселона, Роналдињо и понатаму е емотивно поврзан за Пари Сен Жермен, клбуот во кој помина две сезони на почетокот на својата европска епизода.

Денеска гигантот од Париз ќе го игра полуфиналето од Лигата на шампионите против Арсенал и така ќе се обиде да стигне до своето второ финале во историјата.

Од првиот натпревар во Лондон, ПСЖ брани предност од еден гол и Роналдињо е свесен дека натпреварот може да биде историски момент.

„Ова е ден за историја. Одиме Париз“, објави славниот Бразилец на социјалните мрежи.

Роналдињо дел од ПСЖ беше од 2001 до 2003 година и во тој период на 77 натпревари постигна 25 гола.

Фото: FIFA/X