Алкараз турнирот во Рим ќе го стартува против Србин

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз како трет носител турнирот во Рим ќе го стартува од второто коло, а денеска го дозна и својот противник.

Алкараз ќе се соочи со Душан Лајовиќ кој одигра одличен меч  и со 2-0 (5-7, 6-1)  во сетови во првото коло за еден час и 20 минути го совлада Јапонецот, Јошито Нишоку.

Јапонскиот тенисер подобро го отвори првиот сет и направи брејк во петтиот гем, но Лајковиќ успеа да се врати по три брејк-топки го освои првиот сет, додека во вториот заигра многу подобро и на противникот му дозволи само еден гем.

Meчот помеѓу Алкараз и Лајковиќ е закажан за в петок, а терминот дополнително ќе биде одреден.

Фото: Carlos Alcaraz/FB