
Арсенал нема што да изгуби во Париз, но ПСЖ е на чекор до финале во ЛШ
Парижаните триумфираа на гостувањето на „Емирати“ со голот на Осман Дембеле, но мора да се признае дека Џанлуиџи Донарума беше одличен меѓу стативите на ПСЖ и успеа да ја зачува мрежата.
„Паркот на принцовите“ веќе двапати беше покорен оваа сезона во ЛШ, каде што Атлетико Мадрид славеше со 2-1, а победи и Ливерпул со 1-0, па Арсенал се надева дека ќе биде третиот тим кој му успеало такво нешто оваа сезона.
Тренерот на парижаните, Луис Енрике кажа дека нивна главна цел е пласман во финалето, а за вечерва вети дека ќе одиграат добар натпревар како и минатата недела.
„Тука сме затоа што го заслужуваме тоа. Целта ни е да славиме и во реваншот. Ова е втора сезона во која бележиме вистински фудбалски развој, но исто така добиваме самодоверба. Сакаме да напредуваме, чекор по чекор ќе бидеме подобри од минатата година. Ќе треба да одиграме добро како и минатата недела. Но, ви гарантирам дека мечот нема да биде ист“, кажа Енрике.
Предводникот на Арсенал, Микел Артета вели дека разликата меѓу тимовите не е голема, туку е само еден гол и се надева дека може да излезат како победници од средбата.
„Имаме исто чувство како и кога игравме против Реал Мадрид. Знаеме дека сè е можно. Разликата е само еден гол и сè зависи од нас. Како ќе почнеме, ќе реагираме и ќе се бориме до последната минута“, посочи Артета.
Дербито меѓу гигантите е закажано за вечерва од 21 часот, а победникот ќе се соочи против Интер во финалето на ЛШ.
Фото: Facebook/ PSG - Paris Saint-Germain