
Драма во Франција: Марсеј и Лил си поделија по еден бод
Двата гола на натпреварот беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Марсеј поведе со погодокот на Гуири, додека Фернандез-Пардо стрелаше во 75. минута за 1-1.
Марсеј се наоѓа на втората позиција со 59 бодови, по што следи Монако со 58, а Ница, Лил и Стразбур имаат по 57.
Фото: Facebook/Olympique de Marseille