Шкупи го отпушти Ердем по поразот од Вардар!

Скопскиот прволигаш Шкупи му даде отказ на Алпарслан Ердем по поразот од Вардар (0-2) во 30. коло од македонскиот шампионат.

Екипата од Чаир веќе некое време се наоѓа во резултатска криза, па поради тоа управата на Шкупи реши да ја доигра сезоната со нов тренер.

„Благодариме, Алпарслан Ердем. Клубот му посакувам успеси во понатамошното патување“, објави клубот.

Шкупи по 30 одиграни кола се наоѓа на осмата позиција во Првата лига со 34 бодови.

Фото: Facebook/FC Shkupi