
Малку фалеше Реал од готово да направи вересија - победа над Селта! (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен во 33. минута кога Арда Ѓулер постигна прекрасен погодок за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Само четири минути подоцна Мбапе реализираше за водство на кралскиот клуб од 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.
По три минути игра во второто полувреме Ѓулер асистира до Мбапе, а тој постигнува нов гол за предност на кралевите и од 3-0.
Течеше 69. минута кога Родригез најдобро се снајде по една мешаница од корнер и намали на 3-1.
Искусниот Иако Аспас во игра влезе во 75. минута, а со својот прв допир со топката даде прекрасна асистенција до Шведберг кој погоди за 3-2. Селта комплетно се врати во игра.
До крајот имаше доволно време и за трет гол за гостите, но Реал Мадрид се одбрани и успеа да запише победа пред Ел Класико.