
Има и добри вести за Барселона: Левандовски може да игра во Милано
Најдобриот стрелец во Ла Лига се повреди на мечот со Селта пред две недели и не играше во финалето од Копа дел Реј, а најавите беа дека би бил способен за игра за претстојното Ел Класико, на 11 мај. Сепак, последните информации се дека тој ќе патува за Милано и ќе може да одигра 35-40 минути на мечот против Интер.
Веројатно мечот на „Меаца“ ќе го почне Феран Торес кој постигна еден од трите гола против Интер во Барселона, а во зависност од резултатот, ќе биде одлучено кога Левандовски ќе влезе во игра. На 48 натпревари оваа сезона, Полјакот постигна 40 гола и три асистенции.