
Лацио триумфално низ Емполи за задржување на шансите за ЛШ (ВИДЕО)
Интересно е тоа што единствениот гол на мечот беше постигнат во 53. секунда, а стрелец е Диа кој одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник. Во натамошниот дел од натпреварот, Лацио имаше уште неколку шанси, но не ги искористи.
Со оваа победа римскиот тим привремено се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А со 63 бода, еден повеќе од Јувентус и два од Болоња, но една од овие две екипи би можела да го помине по денешниот меѓусебен дуел. Пласманот на Лацио ќе беше многу подобар ако на домашен терен забележеше подобри резултати имајќи предвид дека се наоѓа во серија од пет нерешени резултати на Олимпико, а на последните десет меча има само една победа.