
Газат низ Европа, а за Јунајтед не беа добри
Плановите за следната натпреварувачка кампања веќе се прават и најверојатно ќе бидат засилени средниот ред и одбраната, но се чини дека најголем проблем во клубот е немњето стратегија. Фудбалери кои последните сезони имаа мака да го истакнат својот талент, сега брилјираат низ Европа, во разни лиги и постигнуваат голови кои на Јунајтед му недостасуваат.
На пример, Мејсон Гринвуд во дресот на Марсеј досега веќе постигна 18 гола и е втор стрелец во француското првенство, зад Усман Дембеле. Скот Мектоминеј игра сезона на кариерата во Наполи, блиску е до титула во Серија А, а постигна 12 гола, повеќе од кој било фудбалер на Јунајтед оваа сезона. Блеска и Антони во дресот на Бетис каде настапува како позајмен играч од Јунајтед, за само три месеци постигна шест гола и стана миленик на навивачите на клубот од Севиља, а се подобро игра и Џејдон Санчо во Челси.
Сите овие игрчаи кои последната година го напуштија Олд Трафорд, досега имаа 45 гола во националните првенства каде што играат, а цел тим на Јунајтед сезонава има само 34 во Премиер лигата и по тој параметар е петти најнеефикасен тим во англиското првенство.