Интер ги одмори главните играчи, а рутински ја совлада Верона (ВИДЕО)

Екипата на Интер се врати на победничките патеки по двата пораза во низа откако вечерва на домашен терен ја совлада Верона со 1-0.

Симоне Инзаги успеа и да ги сочува главните играчи за реваншот од Лигата на шампионите против Барселона, па на клупа останаа голманот Сомер, потоа Дамфрис, Барела, Бастони и Турам, а во второто полувреме во игра влегоа Мхитарјан, Домарко, Тареми и Ачерби.

Во такви услови, немаше многу убавина во играта на Интер, а единствениот гол го постигна Аслани од пенал уште во деветтата минута.

На три кола пред крајот на сезоната, негативата на Интер во однос на Наполи е три бода, но идниот викенд „нераѕурите“ имаат незгодно гостување кај Торино.