
Ристовски еуфорично лудуваше со Бед Блу Бојс – се тролаа Хајдук и Торцида (ВИДЕО)
Победата не само што му го донесе врвот на табелата на загрепскиот тим на три кола пред крајот на сезоната, туку и предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите. По враќањето во Загреб доцна во ноќта, неколку стотици навивачи на Динамо ги дочекаа фудбалерите со голема бакљада и песна.
Атмосферата беше исполнета со славеничка енергија, а не изостанаа ниту провокациите кон ривалскиот клуб Хајдук и неговата навивачка група „Торцида“.
ФОТО: X / @TheCroatianLad