
Кафу не го сака Анчелоти на селекторската функција во Бразил
Неодамна се случи пресврт во ситуацијата со италијанскиот стручњак и тој ја одби понудата да го предводи петкратниот светски шампион, но тамошните медиуми тврдат дека преговорите се обновени и наскоро Анчелоти треба да биде претставен како нов селектор на Бразил. Кафу тврди дека тоа не е добар избор затоа што Италијанецот не ги познава добро играчите кои настапуваат во домашното првенство.
„Наша реалност е дека во моментов немаме селектор. Дали Анчелоти би можел да биде решение? Да. Би успеал да ги постави работите на свое место, но со играчите кои ги познава, а тие играат во Европа. Да бидам попрецизен, тој не ги знае фудбалерите што играат во Бразил. Не верувам дека тој се буди во рани зори за да гледа Фламенго-Коринтијанс. Веројатно не е свесен што се случува во бразилското првенство“, вели Кафу.
Бразилската репрезентација е во длабока криза и повеќе нема суперѕвезди како што беше случај 20-тина години. Винисиус е главен играч, но тој за Бразил не игра на исто ниво како во дресот на Реал.