
Пропадна забавата: Играчите на Баерн имале закажано журка на - Ибица!
Германските медиуми објавуваат дека планот бил направен и дека се чекал само триумф на гостувањето кај Баерн за експедицијата да полета кон шпанскиот остров, познат по лудите журки. За нивна жал, Лајпциг постигна гол во судиското продолжение и го одложи славјето, а со тоа и патување кон Ибица.
Да биде уште полудо, Баерн денеска навистина би можел да стане шампион на Германија, ако Баер на гости не успее да го победи Фрајбург. Сепак, управата и стручниот штаб не дозволуваат денеска да се оди во Шпанија бидејќи фудбалерите утре треба да се вратат на редовните обврски, односно тренинзи.
На таа тема се пошегува Јозука Кимих кој, како што тврди Билд, рекол дека не сака да ја слави титулата „на кауч“, гледајќи го дуелот во Фрајбург, туку тоа сака да го направи идната недела на терен, против Борусија Менхенгладбах.