Лудо дерби во Сплит: Повредени 20 полицајци, повеќе од 200 навивачи се – приведени (ВИДЕО)

По синоќешното дерби меѓу Хајдук и Динамо (1-3) на стадионот „Пољуд“ во Сплит дојде до сериозни инциденти во кои беа повредени 21 полицаец, а приведени беа повеќе од 200 навивачи меѓу кои повеќе беа следбеници на гостинскиот тим.

Според податоците на полицијата, најголемите нереди се случиле по завршувањето на натпреварот, кога група навивачи извршила напад врз полициските службеници фрлајќи камења, метална ограда и запалена пиротехника. Еден полицаец е задржан во болница со засега неутврдени повреди, додека останатите 20 се здобиле со полесни повреди кои биле санирани на терен. Во врска со големиот инцидент на локацијата Пужанке пред натпреварот, приведени се 144 лица поради учество во однапред договорен судир на спротивставени навивачки групи. Петмина од нив се хоспитализирани, од кои двајца со потешки повреди, но сите се пуштени од болница.

Во рамките на безбедносните проверки, кај 14 лица биле пронајдени над 55 пиротехнички средства. За време на организираното обезбедување, полицијата следела вкупно 357 возила, без никакви инциденти. Натпреварот го следеле околу 34.000 гледачи, од кои приближно 1.800 биле навивачи на Динамо. Кривични пријави ќе бидат поднесени против сите инволвирани лица, а истрагите за дел од приведените сè уште се во тек.

Видеото од најголемата тепачка погледнете го ТУКА.