
Манчестер јунајтед загуби од Брентфорд во меч со седум голови! (ВИДЕО)
Манчестер јунајтед е фокусиран на Лига Европа, па Премиер лигата му е во втор план. Така е веќе некое време, а поради тоа се редат и порази во домашната лига.
Јунајтед денеска добро го отвори мечот, поведе уште во 14. минута со гол на Маунт по асистенција од Гарначо.
Но, брзо дојде до пресврт. Лук Шо во 27. минута си постигна автогол за 1-1, а Шаде шест минути подоцна погоди за водство на Брентфорд од 2-1. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.
Во 70. минута Шаде даде нов гол за 3-1, а четири минути подоцна погоди и Виса за убедливи 4-1.
Фудбалерите на Јунајтед сепак избегнаа срамен пораз. Гарначо постигна прекрасен гол во 82. минута за 4-2, а конечните 4-3 ги постави Амад Диало во петтата минута од судиското продолжение.
Останатите два меча од овој термин Брајтон - Њукасл и Вест Хем - Тотнем завршија со идентични 1-1.