Тер Штеген се врати и прими гол за шест минути (ВИДЕО)

По пауза од речиси осум месеци, капитенот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген вечерва се врати во тимот и е стартер во мечот со „фенерџијата“ Ваљадолид, но враќањето не беше според желбите.

По само шест минути игра, аутсајдерот на овој натпревар го совлада германскиот голман, а стрелец беше Санчез. Некој од играчите на Барселона ја допре топката и ѝ го смени правецот што го измами Тер Штеген, но и тој има вина за примениот гол бидејќи не беше добро поставен.

Сепак, нешто подоцна, Германецот добро интервенираше при еден контранапад на противникот и спаси гол по кој Ваљадолид можеше да поведе со 2-0.